Лестер завиен во црно: Фудбалерите дојдоа на местото на несреќата (фото + видео)

Лестер денеска е завиен во црно откако поранешниот англиски првак објави дека првиот човек на клубот, Вишаи Шривадханапрабха, е еден од петмината што го загубија животот во хеликоптерската несреќа веднаш по дуелот со Вест хем.

Фудбалерите на овој тим денеска заедно дојдоа на местото на падот на хеликоптерот, со едноминутно молчење давајќи му почит на својот газда со кого во изминатиот период имаа беспрекорни односи. Двајцата асови од шампионската генерација, Каспер Шмајхел и Џејми Варди, со солзи во очите се сретнаа со синот и со сопругата на Вишаи Шривадханапрабха, кои први положија букет со цвеќе на местото на несреќата.

Веднаш потоа семејството и фудбалерите се упатија кон стадионот, по што синот и сопругата положија цвеќе на центарот од теренот, од каде хеликоптерот полета неполна минута пред кобниот пад.

Се вчитува...