„Летечки Македонец“: Иџе маестрално до победа на втората трка во Золдер

Игор Стефановски Иџе продолжи со одличните настапи во ЕТЦЦ шампионатот, откако попладнево во фантастичната втора трка успеа да стигне до победата пред своите ривали.

„Летечкиот Македонец“ го остави зад себе разочарувањето од првата трка, кога поради проблеми со возилото мораше предвреме да се паркира во гаражата. Тој проблем му овозможи на Стефановски да ја стартува втората трка од пол-позицијата (обратен редослед од пласманот од првата трка), а Иџе знаеше како да го искористи тоа, доминираше од почеток до крај и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

  

Се вчитува...