Летечките Македонци: Лазаров со цепелин стави печат на победата (видео)

Кире Лазаров со осум погодоци беше најефикасен во победата над Чиле, а најатрактивниот од осумте погодоци македонскиот капитен го постигна буквално во последните секунди.

Филип Кузмановски фрли цепелин, а Лазаров одлично втрча и беспрекорно ја смести топката во мрежата на Чилеанците, за печат на триумфот со кој беше осигуран пласманот во главната фаза од СП 2021.

Се вчитува...