Технологија што го олеснува секојдневието
Летото е период кога домот станува место за собирање. Семејните ручеци, скарата со пријателите, спонтаните дружења на тераса и вечерите резервирани за најважните фудбалски натпревари бараат многу повеќе од обичен фрижидер. Потребни се простор, добра организација и технологија што ќе го олесни секојдневието.
Токму затоа Gorenje ви предлага да одберете Side by Side фрижидер – апарат кој комбинира модерен дизајн, голем капацитет и паметни решенија за зачувување на свежината на намирниците, за да можете повеќе време да поминувате со семејството и пријателите, а помалку да размислувате за организацијата на храната.
Ова лето е особено возбудливо и за љубителите на фудбалот. Gorenje е горд официјален спонзор на FIFA World Cup 2026™, додека еден од најголемите фудбалери на денешницата и капитен на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, е амбасадор на брендот. Вредностите што ги претставуваат Лука Модриќ и Gorenje – сигурност, врвни перформанси и долготраен квалитет – се вградени во секој Gorenje апарат.

Повеќе простор за сè што носи летото
Од разладени пијалаци и свежо овошје до храна за поголемо друштво за време на следење натпревари – Gorenje Side by Side дизајнот со овозможува прегледна организација и лесен пристап до сите намирници.
Особено практична е SuperCool функцијата за интензивно ладење, која по големо пазарење обезбедува брзо разладување на намирниците со намалување на температурата на 2°C, по што автоматски се враќа на стандардниот режим на работа.
Свежина што трае подолго
Во летниот период свежината на намирниците е уште поважна. Благодарение на MultiFlow 360° системот, ладниот воздух рамномерно циркулира низ целиот Gorenje фрижидер, па секоја намирница, без разлика на која полица се наоѓа, останува оптимално разладена.
За овошјето и зеленчукот тука е пространата CrispZone фиока со контрола на влажноста, кое помага да се зачуваат нивната свежина, крцкавост и природен вкус подолго време.
Заборавете на одмрзнувањето
NoFrost Plus технологијата спречува создавање мраз во замрзнувачот, што значи дека повеќе нема потреба од напорно одмрзнување ниту од раздвојување на залепените замрзнати производи. Повеќе простор, помалку грижи и секогаш уредно организиран замрзнувач.
Тивок, економичен и секогаш подготвен
Напредниот инвертер компресор во Gorenje Side by Side фрижидерот ја приспособува својата работа на температурните промени, на пример кога вратите често се отвораат за време на подготовка на храна или послужување гости. Резултатот е потивка работа, помала потрошувачка на енергија и постабилна температура која дополнително придонесува за зачувување на свежината на намирниците.
Електронското управување овозможува едноставно и прецизно поставување на температурата, додека модерното ЛЕД осветлување обезбедува одлична прегледност на внатрешноста во секој момент.

Победнички избор за домот
Исто како што капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, на теренот избира сигурни соиграчи, така и дома вреди да се изберат апарати на кои ќе можете да се потпрете со години. Gorenje Side by Side фрижидерите носат совршена комбинација од голем капацитет, флексибилна организација на просторот, напредни технологии и елегантен дизајн.
Без разлика дали подготвувате семеен ручек, организирате следење на натпреварите од Светското првенство или едноставно сакате вашите намирници да останат свежи што подолго, овие Gorenje фрижидери се подготвени да одговорат на секој предизвик на модерното живеење.
Ова лето навивајте за победниците – на теренот и во вашата кујна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
