Летонија ја декласираше Црна Гора за четвртфинале на Евробаскетот

Репрезентацијата на Летонија е петтиот четвртфиналист на Евробаскетот 2017, откако убедливо славеше во осминафиналната пресметка против Црна Гора со 100-68.

Летонците уште од самиот почеток на дуелот наметнаа пеколен ритам кој Црногорците не можеа да го следат. Откако во првата четвртина создадоа предност (27-15) истата потоа само дополнително ја зголемуваа за конечен убедлив триумф од 32 поени разлика.

Убедливо најефикасен во победничкиот состав беше Тима со 21 постигнат поен, додека Порзингис заврши со 19 поени, плус и шест скока. Кај Црна Гора, Дубљевиќ запиша 21 поен, а Вучевиќ мечот го заврши со 16 постигнати поени.

Се вчитува...