Летонски „касап“ му ги скина лигаментите на Тасевски

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски го очекува долга пауза од терените по тешката повреда што искусниот играч за врска ја заработи на денешниот пријателски меч одигран во Турција. Тасевски настапува за Славија Софија, но денешната пресметка со летонскиот прволигаш Спартакс Јурмала се покажа кобна за Македонецот.

„Игравме со Летонци кои удираа како луди. ЕДен од нив, како касап, тргна на Тасевски и Дарко тешко се повреди. Тој ги скина лигаментите, ќе паузира најмалку шест месеци и дефинитивно нема да се врати до крајот на сезонава“, изјави претседателот на Славија, Венцислав Стефанов.

За жал, оваа полусезона заврши за Тасевски уште пред воопшто да започне.

Се вчитува...