Летонците експресно решени: Пандев и Барди, и по само 17 минути веќе е 0-2… (ВИДЕО)

ЕКИПА во Рига, Летонија

Никола Ѓуровски

Македонската репрезентација по само 17 минути игра веќе има предност од 0-2 на гостувањето против Летонија во Рига во шестиот квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2020.

По почетното испитување на силите, во 14. минута Македонија дојде до предност по акцијата и одличното проигрување на Елиф Елмас до капитенот Горан Пандев, кој го запиша својот 34-ти погодок во националниот дрес…

А, во 17. минута и Енис Барди со одличен шут од околу 16 метри погоди за водство од 0-2…

Се вчитува...