Лев убаво објасни: Човекот стана алчен за пари, природата сега му возврати

Целиот свет е во борба со најопасниот вирус на 21.век – Covid-19. Тотален карантин, илјадници заболени, се повеќе мртви. Во една таква ситуација, здравјето е најважно, а спортот мирува. Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, вели дека природата му се спротивставила на човечкото однесување. Луѓето станаа алчни за пари, тотално ја запостави природата и природните процеси.

„Се соочуваме со вирус кој го погоди целото човештво. Мислам дека природата му се спротивстави на човечкото однесување. Можеби сега ќе сфатиме дека треба да го смениме начинот на кој живеевме. Човекот комплетно беше насочен кон заработка на пари, се создаде алчност и желба за голема моќ. Сте сакаат да остварат што е можно поголем профит. Заборавивме комплетно дека има и некои што гладуваат, не се свестувавме ниту кога се појавуваа природни катастрофи. Во вакви ситуации всушност сфаќате што е најважно во животот“, изјави Јоаким Лев.

Фудбалот е одложен на неодредено време, Европското првенство е префрлено за во јуни 2021 година.

Се вчитува...