Левандовски броеше до четири, го спаси Баерн од нов „кикс“

Баерн Минхен по огромна битка славеше над Херта со 4-3, избегнувајќи ново изненадување по минатонеделниот пораз од Хофенхајм. Роберт Левандовски постигна четири погодоци и беше најзаслужен за овој триумф, вклучувајќи го и голот од пенал за победа во 91. минута.

Кога полскиот ас погоди за 2-0 на почетокот од вториот дел се чинеше дека прашањето на победникот е решено, но Херта успеа да се врати и преку Кордоба и Куња стигна до израмнување. Левандовски го комплетираше хет-трикот во 85. минута, но гостите од Берлин повторно блеснаа и стигнаа до израмнување три минути подоцна.

Сепак, шампионскиот карактер на Баерн се покажа пресуден, избраниците на Флик тргнаа на се или ништо, за Левандовски во судиското продолжение да го постигне и четвртиот гол, за триумф и огромна радост на домашните фудбалери.

Се вчитува...