Левандовски: Дадовме среќен гол и не бевме супериорни против Македонија

Полска извлече триумф (0-1) во Скопје против Македонија, но не импресионираше со играта на „Тодор Проески арена“. Најголемата ѕвезда, напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, беше самокритичен по мечот истакнувајќи дека Полска воопшто не покажа класа на квалификациската пресметка со нашиот национален тим.

„Не создадовме ниту една стопроцентна шанса. Постигнавме гол, малку и со помош на среќата, а противникот не беше селекција против која не можеме да одиграме квалитетно. Единствениот добар елемент во нашата игра е дека не дозволивме ниту Македонија да создаде шанси пред голот на Фабијански. Мораме да покажеме многу поголема супериорност на вакви натпревари. Сепак, имаме три победи во три меча и во квалификациите тоа можеби е и најважно“, изјави Роберт Левандовски по триумфот во Скопје.

Полска во следното коло, в понеделник ја пречекува селекцијата на Израел на домашен терен, а Македонија ќе ги одмери силите против Австрија во Скопје.

Се вчитува...