Левандовски: Добро би ни дошле пет дена со ледени бањи

Ѕвездата на Баерн Минхен, напаѓачот Роберт Левандовски призна пред медиумите дека тој и неговите соиграчи не ја прославувале титулата во европскиот Суперкуп од едноставна причина. Тие се преморени, а веќе имаат и нови обврски. По освојувањето на титулата во Лигата на шампионите, набрзо почна новата сезона во Бундес-лигата, а следуваше и Суперкупот.

„Не славевме, преморени бевме од тие 120 минути, за многу кратко време летаме за Хофенхајм. Немаме слободни денови. Добро би ни дошле пет дена со ледени бањи“ – вели Левандовски.

Баерн Минхен сезоната во Бундес-лигата ја отвори со победата од 8-0 против Шалке. Утре гостува кај Хофенхајм.

Се вчитува...