Левандовски донира еден милион евра за борба против Covid-19

Светот е во глобална битка против коронавирусот. Здравствените работници се борат за здравјето на граѓаните, во Италија и во Шпанија, во Германија е се покритично, а големите спортски ѕвезди донираат значајни финансиски средства во фондовите за поддршка во борбата против Covid-19.

Научната здравствена фела се обидува да пронајде вакцина за новиот вирус кој ја парализира планетата, а државите се борат за животите на граѓаните. Полскиот интернационалец Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен, одлучи да донира еден милион евра како финансиска инјекција и поддршка во борбата против ширењето на коронавирусот.

Се вчитува...