Еден од најдобрите европски напаѓачи Роберт Левандовски верува дека Полска денеска ќе си резервира место на Европското првенство 2020. Да биде тоа така, неопходно е победа против Македонија на дуелот од 20:45 часот на Националниот стадион во Варшава.
По вчерашниот официјален тренинг Левандовски преку социјалните мрежи испрати кратка порака…
„Фокусирани и концентрирани за утрешниот натпревар. Максимално мотивирани на победа против Македонија. Се бориме за промоција на ЕП 2020“ – напиша Левандовски.
Напаѓачот на Баерн Минхен денеска го очекува 110-от репрезентативен настап. Досега има запишано 60 голови во националниот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА