Левандовски го понесе Баерн до трофејот во Суперкупот на Германија (ВИДЕО)

Баерн Минхен е освојувач на трофејот во Суперкупот на Германија откако во финалната пресметка славеше убедливо со 3-1 против Борусија Дортмунд на крилјата на Роберт Левандовски.

Победата на баварскиот тим беше најавена со голот на Левандовски во 41. минута.

 

Во вториот дел Милер во 50. минута зголеми на 2-0 на асистенција на Левандовски, а откако Ројс во 64. минута намали на 2-1, на крај Левандовски со својот втор гол во 74. минута заокружи на 3-1.

Се вчитува...