Левандовски и Милер – ја „торпедираа“ Арминија Билефилд…

Со по два гола на Роберт Левандовски и Томас Милер, Баерн Минхен убедливо со 1-4 славеше на гостувањето против Арминија Билефилд во 4. коло од Бундеслигата.

Целокупната задача на мечот Баварците си ја завршија уште во првото полувреме. Најпрво уште во 8. минута погоди Милер, а потоа до полувремето за 0-3 два гола постигна Левандовски.

Во второто полувреме Милер во 51. минута запиша уште еден гол за 0-4, а домашните до крајот успеаја преку Доан во 58. минута единствено да постигнат почесен погодок.

Се вчитува...