Левандовски: Клоп има две лица…

Роберт Левандовски зад себе има успешна сезона во дресот на Баерн Минхен, иста таква каква што е и онаа на Јирген Клоп со Ливерпул.

Левандовски со Клоп соработуваше во период од четири сезони во дресот на Борусија Дортмунд, па и тоа како има што да каже за менаџерот на Ливерпул.

„Јирген Клоп е мојот омилен тренер, а по него е Пеп Гвардиола. 100%“ – вели Левандовски за ЕСПН, и дополнува:

„Клоп има две лица… Можете да го видете понекогаш како татко, но и онаа неговата друга страна како тренер, менаџер. Во состојба е да ви каже се и сешто, и тука не зборувам само за оние добри работи. Но, тоа е една огромна мотивација. Тој тоа го прави на совршен начин, затоа што постои една линија а тој знае до каде може да оди… Неговите тренерски резултати се одлични, но е тој е одличен и како човек“.

Се вчитува...