Левандовски: Македонија е опасен ривал, посебно кога игра во Скопје

Главниот фаворит во групата, селекцијата на Полска, в петок ќе гостува во Скопје и ќе ги одмери силите со фудбалската репрезентација на Македонија во третиот меч од квалификациите за ЕП 2020. Главната ѕвезда на Полјаците, напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, вели дека тоа ќе биде тешко гостување за нив.

„Многу фудбалери имаа напорна сезона, но верувам дека ќе бидеме максимално подготвени за натпреварите против Македонија и против Израел. Сепак, ние сме професионалци и ќе дадеме се од себе да победиме. Имаме квалитет и би сакале да продолжиме победнички во нашата група. Македонија е опасем ривал, посебно кога игра во Скопје и ќе мораме да бидеме многу внимателни“, изјави Роберт Левандовски.

Македонија ќе ја пречека Полска на 7 јуни, со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...