Левандовски неизвесен за Суперкупот на Европа против Севилја

Напаѓачот на Баерн Минехен, Роберт Левандовски, е неизвесен за настап во Суперкупот на Европа против Севилја кој е закажан за в четврток во Будимпешта. Тој се жали на болки во стапалото и не го одработил денешниот тренинг на баварскиот тим, пред заминувањето за Унгарија.

Левандовски добил силен удар во левото стапало на мечот против Шалке 04 во Бундес-лигата кој актуелниот европски и германски шампион го доби со неверојатни 8-0. Полскиот интернационален секако ќе патува со тимот на Баерн Минхен во Будимпешта, а лекарскиот тим се обидува да го оспособи за игра.

Се вчитува...