Левандовски по хет-трикот: Јас може да добијам меч, но тимот е тој кој освојува титули

Баерн со убедливи 3-0 славеше против Шалке на гостувањето во Гелзенкирхен, а сите три гола за Баварците ги постигна Роберт Левандовски.

Интересно, Левандовски ги постигна двата гола за Баерн и од првото коло сезонава во ремито (2-2) против Херта.

„Секогаш може да бидам уште подобар,имам потенцијал за напредок. Секоја сезона може да направам нешто посебно како индивидуалец, но сакам да и помогнам на екипата. Сам можеш да добиеш натпревар, но тимот е тој освојува титули“ – вели Левандовски, чиј настап го коментираше и тренерот Нико Ковач.

„Неговата ефикасност и ладнокрвност се единствени. Се надевам дека во ист ритам ќе продолжи и понатаму“ – вели Ковач.

Се вчитува...