Левандовски: Се чувствувам подобро од кога имав 26 години, сакам да играм уште десет години

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски вели дека зад себе ја има најдобрата сезона во кариерата и дека за сите успеси вредно работел. Полјакот со 55 гола го предводеше Баерн Минхен до тројна круна во минатата сезона.

„Веројатно најдобрата сезона во кариерата. Не се работи само за бројот на дадени голови, туку и за целиот стил на игра. Горд сум на тоа. Не се чувствувам како некој кој има 32 години. Се чувствувам подобро него кога имав 26. Сакам да играм уште десет години“, изјави Левандовски. 

Иако се откажа манифестацијата за доделување на „Златната топка“ за 2020 година, многумина сметаат дека Левандовски е оштетен и дека годинава го заслужува ова признание.

Се вчитува...