Левандовски-шоу во Минхен, Лајпциг останува лидер

Мини-кризата е минато, па Баерн Минхен повторно ги „меле“ своите противници. По триумфите над Арминија и над Атлетико Мадрид, актуелниот европски првак попладнево стигна до нова убедлива победа, овојпат на домашен терен против Ајнтрахт со 5-0. Роберт Левандовски имаше свое шоу на „Алијанц Арена“, постигнувајќи хет-трик и разрешувајќи ги сите дилеми околу победникот на оваа средба. На 4-0 зголеми Лирој Сане, кој со гол го круниса враќањето на терените по повредата, а конечните 5-0 ги постави Горецка во судиското продолжение.

Лајпциг останува на чело на табелата по победата на избраниците на Нагелсман на мечот против Херта (2-1). Гостите од Берлин први поведоа преку Кордоба, Упамекано уште во првото полувреме израмни на 1-1, а пресвртот во вториот дел од пенал го комплетираше Сабицер.

Резултати Бундес-лига:

Баерн М. – Ајнтрахт 5-0, Мајнц – Борусија М. 2-3, Лајпциг – Херта 2-1, Унион Берлин – Фрајбург 1-1.

Се вчитува...