Левандовски урна рекорд на Меси

Барселона во првиот меч во 1/8 финалето во Лигата на шампионите играше 1-1 проти Наполи на гостински терен. Единствениот гол за „Каталонците“ беше дело на Роберт Левандовски. Со тој гол Барселона ја прекина „сушата“ од 1078 денови без постигнат гол во нокаут фазата во најелитното европско натпреварување.

Тој гол беше посебен за Полјакот, затоа што влезе во историјата на Барселона. Левандовски стана најстариот стрелец за Барса во нокаутот во Лигата на шампионите, надминувајќи го Лионел Меси. Аргентинецот имаше 33 години и 259 денови кога постигна гол против ПСЖ во 2021 година, а Левандовски на денот на натпреварот во Неапол имаше 35 години и 184 денови.

На истиот меч Ламин Јамал стана исто така рекордер, станувајќи најмлад стрелец во историјата на Барселона во нокаут фазата  во ЛШ, со 16 години и 223 дена.

Се вчитува...