Левандовски уште повеќе ги разгори страстите во Минхен: Тешко е да се каже дека ќе останам во Баерн!

Првата ѕвезда во тимот на „баварците“, Роберт Левандовски истакна дека повеќе од извесно е неговото заминување од Баерн Минхен летово, а Барселона е прв фаворит за да го донесе.

Полјакот за „Илевен Спорт Поланд“ уште еднаш го најави заминувањето. Левандовски кој освои сѐ што можеше да се освои со Баерн Минхен во изминативе осум години, урна еден куп рекорди и сега е пред извлезна врата, откако одби да го продолжи договорот кој му истекува идното лето, но инсистира да биде продаден, а Барселона според најавите дава 35 милиони евра за трансферот.

„Тешко е да се каже дека ќе останам во Баерн Минхен и во идната сезона. Времето што доаѓа ќе даде одговор. Наскоро ќе може да кажам нешто многу повеќе“, рече Левандовски.

Полјакот наводно веќе има договор за своите лични услови со Каталонците, но за реализација треба да постигнат договор Барса и Баерн.

„Трансфер во Барса? Зависи од неколку фактори. Мислам дека мојата ситуација е јасна и нема поента понатаму да се зборува“, додаде Левандовски.

Се вчитува...