Левандовски влезе во листата на Топ 4 европски стрелци, но Роналдо е предалеку!

Полската репрезентација убедливо го совлада Сан Марино, со резултат од 7-1 во квалификациите за Светското првенство во Катар, а двоен стрелец беше напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски.

Тој ги постигна првиот и третиот гол за својот тим и со тоа стигна до бројката од 72 гола во дресот на репрезентацијата. Со овие два гола, Левандовски го „прескокна“ Мирослав Клосе и сега е во листата на Топ 4 на најдобрите европски стрелци за репрезентации.

На прво место е светскиот рекордер во оваа категорија, Португалецот Кристијано Роналдо, кој пред неколку дена стигна до рекордни 111 погодоци, потоа Ференц Пушкаш со 84 и Сандор Коцис со 75 голови. Со оглед дека Роналдо заостанува само три гола зад Кошиќ, за очекување е Португалецот дополнително да го подобри пласманот на оваа листа до крајот на квалификациите.

 

 

 

Се вчитува...