Левандовски втора година по ред до големото признание

Роберт Левандовски втора година по ред стигнува до големото признание „Фудбалер на годината во Германија“, во избор на влијателниот спортски весник „Кикер“.

Полскиот голгетер имаше фантастична сезона во која го урна легендарниот рекорд на Герд Милер, па очекува освои најмногу гласови од спортските новинари во Германија. Левандовски беше првопласиран со дури 356 гласа, далеку пред конкурентите. Неговиот тимски соиграч Томас Милер освои 41 глас, Ерлинг Халанд беше третопласиран со 38, а Џошуа Кимих од Баерн се најде на четвртото место со 25 освоени гласа.

„За мене е огромна чест, чувствувам гордот бидејќи знам колку е тешко да се стигне до ова признание две години по ред“, изјави Левандовски.

Се вчитува...