ЛеванГОЛски: Најдобар стрелец во ЛШ, Бундес-лигата и во Купот на Германија

Баерн Минхен освои тројна круна, а Роберт Левандовски не даде гол единствено во финалето на ЛШ. Но, затоа постави неверојатен рекорд. Тој е најдобриот стрелец во сите три натпреварувања во кои настапуваше со германскиот гигант.

Во сезоната 2019/20, Роберт Левандовски постигна 15 гола во Лигата на шампионите и ја заслужи „Пичичи“, наградата за најдобар стрелец. Во Германија исто така е неприкосновен стрелец и во Бундес-лигата и во Купот на Германија. На 46 натпревари, ЛеванГОЛски постигна фантастични 55 гола.

 

 

Се вчитува...