„Леванголски“ пак испиша историја – најбрз хет-трик на сите времиња во Лигата на Шампионите

Роберт Левандовски продолжи со испишување нови страници во фудбалската историја откако полскиот ас одигра извонредно прво полувреме на мечот со Салцбург.

Полскиот голгетер го отвори резултатот во 12. минута, за потоа во 21. и во 23. минута да постигне уште два погодоци. Со тоа, Левандовски стана стрелец на најбрзиот хет-трик во историјата на Лигата на Шампионите.

Претходно, овој рекорд му припаѓаше на екс-напаѓачот на Милан, Марко Симоне, кој во 1996 година на дуелот против Розенборг го комплетираше хет-трикот на „Сан Сиро“ за 24минути игра.

Се вчитува...