Леванте го продава Барди за да го покрие минусот во клупската каса

Откако е јасно дека следната сезона ќе игра во Сегунда, Леванте веќе почнува „операција“ за стабилизација на финансиската ситуација во клубот, како и во играчкиот кадар. Според шпанските медиуми, во касата на клубот треба да се соберат 10 милиони евра до почетокот на јули, па така прва опција е продажба на Енис Барди. Македонскиот интернационалец е најдобриот избор за продажба, со оглед дека е стандарден репрезентативец, а оваа сезона пружи неколку добри партии, особено онаа против Атлетико Мадрид кога постигна два гола.

Играчот од средниот ред беше пред напуштање на екипата уште во зимскиот преоден рок, и преселба во Италија, но тоа не се случи. Затоа сега прва цел на тимот од Валенсија ќе биде продажба на Барди, и тоа ќе се обиде да ја достигне цената од 10 милиони евра, потребни за клупската каса.

Барди имаше договор до јуни оваа година, но Леванте ја искористи можноста пред неколку месеци и автоматски го продолжи неговиот договор кој сега е со важност до 2024 година. И самиот играч би немал ништо против да игра и следната година во некоја од најсилните првенства, наместо во Сегунда.

Македонскиот интернационалец по завршувањето на сезоната ќе треба да се јави на репрезентативниот собир за четирите натпревари од Лигата на Нации, а потоа веројатно ќе има и нова средина.

Се вчитува...