Леванте го „шокираше“ Реал, Енис Барди остана само на клупата… (видео)

Екипата на Леванте успеа да го шокира големиот фаворит Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ извлекувајќи му реми (1-1) во 3. коло од шпанската Пример.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди не доби шанса да игра против „кралевите“, со оглед на тоа што шефот на стручниот штаб на Леванте се одлучи да го остави на клупата, поради заморот од репрезентативните настапи претходно и приклучувањето во средата на својот тим.

Леванте на денешниот дуел уште во 12. минута ги шокираше „кралевите“ со голот на Иви, а на асистенција на Лопез…

Real Madrid 0-1 Levante Ivi Lopez Goal HD 09… by sonjamacleod

Реал во продолжение веднаш се активираше да дојде до пресврт, но единствено што успеа е преку погодокот на Лукас Васкез во 36. минута да дојде до израмнување.

Lucas Vazquez Goal HD Real Madrid 1 – 1… by Albin-

Во второто полувреме, и покрај постојаните обиди, „кралскиот клуб“ не успеа да стигне до триумфот. Најголемите можности ги имаше Герет Бејл во 62. и во 88. минута но неговите обиди со глава од идеални позиции беа непрецизни. Во 93. минута и Тони Крос се обиде со шут од 18 метри, но дирекот од голот на Леванте спречи триумф на Реал.

Реал Мадрид и Леванте, по оваа поделба на бодовите, сега се со по 5 бода, по три одиграни натпревари.

Се вчитува...