Леванте и натаму без победа, Барди играше последните 23 минути

Леванте на Барди и натаму ја чека првата победа во Ла Лига. И вечерва против Осасуна не успеаја да дојдат до триумф на домашен терен. И покрај тоа што имаа повеќе од играта, имаа повеќе шанси, сепак, не успеаја да крунисаат со гол и со победа. На крајот дуелот заврши 0:0.

Леванте стартуваше без Барди во составот, кој влезе во игра во 67. минута, односно ги доби последните 23. минути.

Тимот на Барди и натаму е последнопласиран со осум нерешени и осум порази.

Се вчитува...