Леванте ја победи Барселона, па Барди ќе дели автограми

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е една од најголемите ѕвезди на Леванте. По триумфот над Барселона (3-1) изминатиов викенд, а во рамките на прославата на 110 години од постоењето на клубот токму Барди ќе биде фудбалерот што ќе дели автограми на Меркадо де Колон, една од градските знаменитости во Валенсија.

Леванте сака да го одбележи јубилејот со посебни дружења на фудбалерите со своите фанови. Покрај Барди, присутни ќе бидат и членовите на женскиот тим и на футсал-тимот, Јусинара и Сесилио.

Леванте по 12 одиграни кола се наоѓа на 11.позиција на табелата во Ла Лига со 17 освоени бода, но само пет помалку од водечкото трио, Барселона, Реал Мадрид и Реал Сосиедад кои имаат по 22.

Се вчитува...