Леванте објави дека осум играчи се слободни, Барди не е на листата

Тимот на Леванте вечерва објави разделба со осум играчи, на кои нема да смета идната сезона. Меѓу нив го нема Енис Барди, кој ќе остане во тимот од Валенсија, но може и да ја смени средината доколку стигне добра понуда.

За да ја покрие дупката во буџетот, Леванте ќе го стави на трансфер листа и ќе бара за него околу 10 милиони, но се очекува да прифати и помала понуда. За него има интерес од Алмерија, која што според информациите нуди околу 6 милиони евра за услугите на македонскиот репрезентативец.

Меѓу оние кои си заминуваат од Леванте се Моралес, Коке, Вукчевиќ, Мирамон, Радоја, Клерк, Дуарте и Касерес.

Леванте не успеа да обезбеди опстанок во Ла Лига. Што се однесува до ситуацијата со Барди, Леванте ја активираше клаузулата за автоматско продолжување на договорот, се со цел да се обиде да го продаде и да заработи од него.

Се вчитува...