Леванте освои три бода за надеж, Барди остана на клупата

Леванте оствари убедлива победа во дуелот со Гранада од 1-4, три бода за надеж дека може да се обезбеди опстанокот во Ла Лига. Тимот од Валенсија поведе со гол на Гомез во 17. минута, а Моралес од пенал во 56. минута зголеми на 0-2.

Во финишот уште два гола во мрежата на Гранада. Малса донесе 0-3, а Коладо намали во 92. минута на 1-3. Конечните 1-4 ги постави искусниот Солдадо во петтата минута судиско надополнување.

Енис Барди, македонскиот репрезентативец остана на клупата цел натпревар и не доби шанса да настапи.

Се вчитува...