Леванте, по автоматизам, му го продолжил договорот на Барди до 2024 година

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе биде фудбалер на Леванте до 2024 година, откако клубот еднострано, по автоматизам, му го продолжи договорот, пренесува шоански „Кадена Сер“.

Долго време Барди се поврзуваше со трансфер, но откако истиот не се реализираше, Леванте ја искористил клаузулата од првиот договор дека може еднострано да го продолжи неговиот договор на уште две сезони но секако со подобрени услови за македонскиот репрезентативец.

Целта на продолжување на договорот секако е клубот да не го загуби Барди во летниот период. Според информациите од Шпанија, Леванте би го продал македонскиот фудбал за најмалку 10 милиони евра.

Се вчитува...