Леванте поднесе жалба, на „зелена маса“ бара елиминација на Барса

Барселона се уште не може да го прослави пласманот во четвртфиналето од Купот на Шпанија и покрај синоќешната убедлива победа од 3-0 против Леванте со што ја анулираше домашната предност на противникот од 2-1. Причина за тоа е поднесената жалба од Леванте поради наводно прекршување на правилникот за натпревари.

Според Леванте, тренерот на Барселона Ернесто Валверде на првиот меѓусебен натпревар кој се одигра во Валенсија се појавил со „недозволена стартна постава“ на терен со фудбалер кој имал веќе суспензија од настап за Барселона Б.

Младиот Чуми Брандариз, според правилата на шпанската федерација, немал право за настап бидејќи бил суспендиран поради пет жолти картони за Барселона Б. На тој начин каталонскиот тим го прекршил правилото за кое пред неколку години беше дисквалификуван и Реал Мадрид.

Се вчитува...