Леванте се спаси од пораз против Севилја

Леванте успеа да се спаси од пораз на домашен терен против Севилја со автогол постигнат во самиот финиш од дуелот. Диего Карлос имаше лоша реакција и ја затресе сопствената мрежа во 87.минута овозможувајќи му на домашниот тим да израмни на 1-1 и да освои еден бод. Енис Барди доби триесетина минути на овој меч, влезе во игра во 61.минута и даде полн придонес во играта за Леванте да стигне до израмнување.

Севилја поведе со голот на Лук де Јонг постигнат на самиот старт од второто полувреме. По ова реми, Севилја е на третата позиција со 51 бод, додека Леванте се наоѓа на 12. место со 35 освоени бода.

Се вчитува...