Леванте убедлив против Атлетик Билбао

Леванте оствари убедлива победа на домашен терен совладувајќи го Атлетик Билбао со 3-0. Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стартер во составот на Леванте и даде полн придонес во шестиот триумф во Ла Лига оваа сезона. По ова, Леванте се наоѓа на шестата позиција со 21 бод.

Чема пред самиот крај на првото полувреме донесе предност за Леванте, Кампања во 59.минута зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Роџер десет минути подоцна. Гостите од 73.минута играа со играч помалку поради исклучување на Перу Ноласкоајн.

Се вчитува...