Левче Китевски повеќе не е директор на ракометните репрезентации на Македонија

Ракометната федерација на Македонија спогодбено ја раскина соработката со досегашниот директор на машката и женската репрезентација Левче Китевски. Китевски на оваа позиција дојде во јуни 2020 година и овие две години беше дел од репрезентацијата на европските и светските првенства.

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение му се заблогадари за досегашниот ангажман…

„Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот Директор на машки и женски репрезентации г-дин Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката. Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година. Со почит, Ракометна Федерација на Македонија“, стои во соопштението на Ракометната федерација на Македонија. 

Левче Китевски е долги години ракометен работник во Македонија, а пред репрезентацијата беше дел и од РК Металург.

Се вчитува...