Леверкузен го среди Падербон, елиминација на ланскиот финалист во германскиот куп (ВИДЕО)

Баер Леверкузен останува да биде единствен тим во топ 5 лигите во Европа кој се уште е непоразен откако вечерва славеа во Националниот куп против Падерборн на домашен терен со 3-1.

Избраниците на Чаби Алонсо до водство од 1-0 стигнаа уште во 12. минута со голот на Бонифаче. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со погодокот на Паласиос во 28. минута. Гостите намалија на 2-1 во 83. минута преку Клас, додека конечните 3-1 беа дело на Шик во 87. минута. Mуслиу беше стартер за Падерборн и го одигра целиот натпревар.

Bayer Leverkusen [3]-1 Paderborn – Patrik Schick 87′
byu/suedney insoccer

Сарбрукен приреди вистинска сензација откако го елиминираше ланскиот финалист Ајнтрахт Франкфурт (2-0). Стрелци на головите за домаќините беа Брункер и Кербер.

Се вчитува...