Леверкузен и Шахтјор со гостинска предност, реми во Атина

Баер Леверкузен и Шахтјор со предност од гостински терен ќе ги очекуваат реванш дуелите во осминафиналето од Лигата на Европа, откако славеа во првите натпревари против Глазгов Ренџерс односно Волфсбург.

Леверкузен убедливо со 1-3 славеше во Шкотска, со головите на Хаверц, Арангуиз и Билеј. Шахтјор, пак, со 1-2 славеше на гостувањето против Волфсбург.

Натпреварот во Атина меѓу Олимпијакос и Вулверхемптон заврши без победник (1-1). Домашните поведоа со голот на Ел Араби во 54. минута, а израмни Нето во 67. минута од натпреварот.

ЛИГА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ (први натпревари)

Олимпијакос – Вулверхемптон 1-1

Глазгов Р. – Баер Л. 1-3

Волфсбург – Шахтјор 1-2

Се вчитува...