Леверкузен со пет гола ги уништи надежите на Борусија Д. за титулата (ВИДЕО)

Баер Леверкузен успеа со победа да се врати од тешкото гостување во Дортмунд, и да му го нанесе највисокиот пораз на Борусија на домашен терен сезонава.

Аканџи во 11. минтута си постигна автогол за водство на „фармацевтите“. На ист начин вратија „милионерите“ со автогол на Фримпонг во 16. минута. Вирц во 20. минута донесе ново водство за Леверкузен, а во 28. минута Андрих од слободен удар донесе 1-3.

Во вториот дел се чини се беше готово во 53. минута кога стоперот Тах погоди во мрежата на Кобел за 1-4, а во финишот Диаби донесе 1-5. Тигес во последните мигови само намали на 2-5.

Борусија го плати данокот на неиграње на Халанд и на Хумелс, а го немаше и Џан. И Леверкузен имаше проблеми, и на овој меч настапи без стоперот Тапсоба, без првиот голман Храдецки, а го немаше и новото засилување Азмун.

Со овој пораз надежите за титула на Борусија Дортмунд се намалија.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...