Леверкузен со важен бод од Гелзенкирхен во битката за место во ЛШ (ВИДЕО)

Баер Леверкузен стигна до значаен бод од гостувањето против Шалке 04 во 31. коло од Бундеслигата во битката за место во Лигата на шампионите следната сезона.

Шалке поведе на мечот со 1-0 со погодокот на Калигури од пенал во 51. минута, но Леверкузен со автоголот на Миранда во 81. минута дојде до конечни 1-1.

По овој бод Баер Леверкузен со вкупно 56 бода се израмни на делба на четвртата позиција со Менхенгладбах.

Се вчитува...