Лидс јунајтед победи на стартот, Алиоски со асистенција

Лидс јунајтед го совлада Стоук со 3-1 и со триумф ја отвори сезоната во Чемпионшип дивизијата. Македонскиот репртезентативец Езгјан Алиоски беше стартер во составот на Марсело Биесла и одигра одличен меч. Тој беше асистент на вториот гол за својот тим што го постигна Пабло Хернандез.

Лидс јунајтед по првиот дел имаше водство од 2-0, Стоук намали со голот на Афобе во 52.минута, но пет минути подоцна Лајам Купер го постави конечниот епилог, 3-1.

Се вчитува...