Лидс Јунајтед подготвува трансфер-бомба за Премиер-лигата

Лидс Јунајтед по 16 години се врати во Премиер-лигата. Раководството на клубот и менаџерот Марсело Биелса веднаш ги зголемија целите за новата сезона и во своите редови уште првата година по враќањето во елитата ќе се обидат да доведат звучно име.

Се работи за уругвајскиот репрезентативец Единсон Кавани. Кавани го заврши својот договор со Пари Сен Жермен, па како слободен играч би можел да се пресели во Лидс.

„Со неговото искуство, Кавани би можел и физички и психички да му помогне на тимот. Ќе се обидеме да го доведеме во следниот преоден рок со што многу би го засилиле тимот“, изјави сопственикот на Лидс Јунајтед Андрија Радрицани. 

Дел од Лидс ќе биде и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој ќе стане петти Македонец кој заиграл во најсилната фудбалска лига во светот.

Се вчитува...