Лидс не се откажува – последна понуда до Алиоски

Лидс не се откажува од намерата да го задржи Езгијан Алиоски на „Иланд Роуд“, без оглед на фактот дека договорот на македонскиот репрезентативец истекува на крајот од сезонава.

Англискиот премиерлигаш денеска и официјално го испрати до Премиер-лигата списокот на фудбалери со кои се разделува летово, а на него го нема Алиоски. Македонскиот интернационалец се наоѓа на листата на играчи на кои им е понуден нов договор за продолжување на соработката, јасен доказ дека Лидс во последен момент испратил понуда за да го задржи нашиот репрезентативец во своите редови.

Алиоски беше поврзуван со Галатасарај, но и тој трансфер се искомпликува, по што Лидс се враќа во игра за задржување на македонскиот ас во своите редови. Не се исклучува можноста Алиоски да почека до крајот на настапот на ЕВРО 2020 во обид да добие уште некоја понуда пред да донесе конкретна одлука за кој тим ќе настапува во следната сезона.

Се вчитува...