Лидс сака да го врати Алиоски

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Езгијан Алиоски е пред кам-бек во премиер-лигашот Лидс Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

Тимот од „Еланд Роуд“ не ги прифати условите за нов договор, па се раздели со нашиот интернационалец минатото лето. Џани премина во Ал-ахли, а сега од премие-лигашот сакаат да ја поправат грешката и да го вратат 30-годишникот во своите редови.

Медиумите во Британија сметаат дека правилен потег во овој момент е Лидс да го врати нашиот интернационалец. Покрај Лидс за услугите на Алиоски е заинтересиран и турскиот шампион Трабзонспор.

Се вчитува...