„Лидс требаше да го задржи Алиоски, неговата замена се мачи во Премиер-лигата“

Поранешниот менаџер на неколку англиски екипи, и екс селектор на Шкотска, Алекс МекЛиш, за англиските медиуми го анализираше вчерашниот натпревар меѓу Лидс и Арсенал, кој го добија „топчиите“ со 1-4. Тој се огласи по повод двата убедливи порази на Лидс, најпрво од Сити со 7-0, а сега и од Арсенал. Го спомена и Алиоски. МекЛиш смета дека пуштањето на Алиоски се покажало погрешно, и дека со парите со кои го купиле Фирпо од Барселона, требало да го задржат Македонецот на „Иланд Роуд“.

„Доведувајќи го Фирпо, одпрва се чинеше добар план. Тој доаѓа од Барселона, и нормално е кога доаѓа нов играч ќе му треба време да се прилагоди. На Фирпо можеби ќе му треба повеќе време. Едноставно се мачи со брзината, темпото и техничките способности кои ги бара Премиер-лигата, и тоа се покажа како тешко за него. Или ќе се откаже и ќе се врати во Шпанија, или ќе се бори и ќе работи напорно за да се наметне. Алиоски беше лево крило, и прекомандуван во одбраната. Но, одлично се снајде и во таа улога. Од оваа гледна точка, Лидс погреши што не му понуди поголема плата и да се обиде да го задржи во своите редови. Тој веќе имаше искуство во Премиерлигата, и сиугрен сум подобро ќе се снајдеше од Фирпо“, вели МекЛиш.

На Алиоски му истече договорот со Лидс летото 2021 година. Иако се чинеше дека лесно ќе се договорат, сепак, на крајот Џани замина во Саудиска Арабија. Но, сега е пред враќање во Европа. За него силно се заинтересирани Трабзонспор и Верона и веројатно ќе ја продолжи кариерата во еден од овие две екипи.

Се вчитува...