Лидс заврши во голем стил, Вест Бромвич Албион оди во Премиер – лигата

Лидс Јунајтед со триумф од 4-0 го заокружи шампионатот во Чемпионшип – дивизијата и во голем стил го освои првото место со 93 бода. Езгјан Алиоски беше стартер во тимот на Марсело Биелса, а стрелци на головите беа Бен Вајт, Стјуарт Далас, Тајлер Робертс и Џејми Шаклтон.

Вест Бромвич Албион е вториот патник во Премиер – лигата заедно со Лидс, откако со реми (2-2) против Квинс Парк Ренџерс го освоија второто место со 83 бода. Брентфорд загуби дома од Барнсли со 1-2 и остана со 81 бод на третата позиција. Ќе игра во плејоф за пласман во Премиер – лигата, заедно со Фулам, Кардиф и Свонси.

Се вчитува...