Лига 1: ПСЖ со пораз ја затвори сезоната, Дижон со победа осигура бараж за опстанок (ВИДЕО)

Во француската Лига 1 се одиграа натпреварите од последното 38. коло. Шампионот Пари Сен Жермен неславно ја заврши сезоната со пораз на гостувањето кај Ремс со 3-1. Домаќините поведоа со головите на Баба во 36. и Кафаро во 56. минута, на 2-1 намали Килијан Мбапе во 59. минута, а конечните 3-1 ги постави Шаварија во 94. минута. На врвот на табелата се беше решено уште пред последното коло. ПСЖ и Лил ќе играат во Лигата на шампионите, а Олимпик Лион ќе мора преку квалификациите да избори место во елитата. Сен Етиен заедно со освојувачите на купот Стразбур и Рен ќе играат во Лигата на Европа.

Најинтересна беше битката за опстанок каде Дижон со победата над Тулуз од 2-1 успеа да избие на 18. место кое води во баражот за опстанок, на сметка на Каен кој загуби дома од Бордо и падна на 19. позиција која следната сезона води во Лига 2. Дижон бараж мечот ќе го игра против Ленс, кој денеска нешто порано со 1-2 по продолженија ја совлада Троја.

Резултати 38. коло Франција:

Ремс – ПСЖ 3-1, Рен – Лил 3-1, Ним – О. Лион 2-3, Ница – Монако 2-0, Нант – Стразбур 0-1, О. Марсеј – Монпелје 1-0, Дижон – Тулуз 2-1, Каен – Бордо 0-1, Анже – Сен Етиен 1-1 и Амиен – Генгам 2-1.




Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...