ЛИГА ЕВРОПА: Адеми мајсторски асистира – Динамо ита кон европска пролет, голема победа на Ц. Звезда во Гент

Динамо Загреб ита кон втората фаза од Лигата на Европа откако во 4. коло од натпреварите по групи славеше со 0-3 на гостувањето против австриски Волсфбергер.

Извонредна партија на македонскиот репрезентативец Аријан Адемиј кој со асистенцијата во 75. минута овозможи погодок на Петковиќ за 0-2.

 

И Црвена Звезда запиша значајна гостинска победа против Гент во Белгија од 0-2, со головите на Петровиќ уште во 2. минута и Милуновиќ во 58. минута.

Арсенал во Групата Б стигна до лесна победа од 0-3 против Молде и веќе си обезбеди европска пролет, осигурувајќи пласман во следната фаза од второто по квалитет европско клупско натпреварување.

ЛИГА ЕВРОПА – 4. КОЛО 

ГРУПА А

ЦСКА Софија – Јанг Бојс 0-1

Клуж – Рома (21 ч.)

ГРУПА Б

Молде – Арсенал 0-3

Дандалк – Рапид Виена (21 ч.)

ГРУПА Г

Брага – Лестер 3-3

АЕК – Зорја 0-3

ГРУПА Х

Лил – Милан 1-1

Спарта Прага – Селтик 4-1

ГРУПА И

Карабах – Сиваспор 2-3

Макаби Тел Авив – Виљареал 1-1

ГРУПА Ј

ЛАСК – Антверпен 0-2

Тотенхем – Лудогорец (21 ч.)

ГРУПА К

ВАЦ – Динамо Загреб 0-2

ЦСКА Москва – Феенорд 0-0

ГРУПА Л

Гент – Црвена Звезда 0-2

Слован Либерец – Хофенхајм 0-2

Се вчитува...